Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕДНАТ ЛИ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА УГОСТИТЕЛИТЕ И КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Утре ќе се одлучува за нови мерки

ЌЕ СЕДНАТ ЛИ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА УГОСТИТЕЛИТЕ И КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Утре ќе се одлучува за нови мерки

На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се разговара за начинот на работењето на рестораните, кафеаните, кафулињата и сите останати угостителски објекти сакаат да учествуваат и претставници од Независната угостителска комора-НУК.

– Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите одлуки за препораки на рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти се донесени повторно во координација со угостителите и коморите доставивме барање за учество во понеделничкиот состанок на кој Комисијата ќе ја разгледува потребата од нови рестриктивни мерки за начините на работењето на угостителската индустрија. Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сакаат да препорачаат нови рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава, соопштуваат од НУК.

Оттаму велат и дека Комисијата наместо да носи парцијални и ад хок одлуки за препораки за мерки  да им помогне на угостителите и угостителската индустрија со тоа што ќе подготви стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.


Слично

Поврзани вести