ЌЕ СЕ ЗБОРУВА И ЗА РУСКИТЕ КОМИЧАРИ: Заев ќе се сретне со рускиот амбасадор
Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, објави телевизијата 24 Вести.
Како што изјавил владин функционер за телевизијата, овој состанок бил договорен уште минатата недела, но тајмингот се поклопува со објaвувањето на разговорите на премиерот со руските комичари, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Порошенко и генсекот на НАТО Столтенберг.
Слично
