Ќе се заврти ли Панорамското тркало? Само една компанија заинтересирана да го гради!
Фирмата „Бетон“ е единствената која достави понуда за изградба на Панорамското тркало во Скопје. За изведба на проектот заедно со придружните елементи и мост бара 18,2 милиони евра со вклучен ДДВ.
Од ЈСП Скопје се уште размислуваат дали ќе ја прифатат понудата, која ја надминува првично планираната сума од 12 милиони евра. Бидејќи се јавил единствен понудувач нема да има електронска аукција.
Според проектот, тркалото треба да биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, со дијаметар од 57 метри. Ќе има 30 гондоли и капацитет за 240 возрасни и 60 деца. Идејното решение, со историски мотиви и гондоли, е дело на студиото „Масаби архитектс“ од Австрија.
Панорамското тркалото треба да биде готово до 2019 година.
Слично
