Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ДЕПОНИЈАТА ВО НИКУШТАК: Меџити донесе одлука

ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ДЕПОНИЈАТА ВО НИКУШТАК: Меџити донесе одлука

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на  депонијата за отпад во селото Никуштак, Општина Липково.

Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици. Наредбата стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението.

Скопје со денови се гуши во чад од пожарите на Дрисла, Вардариште и Трубарево. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести