Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ ВО САЛА ДА ОПЕРИРА, ИЛИ ПАК ЌЕ СИ БИДЕ МИНИСТЕР - популарниот Филипче се облече во хируршка облека

ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ ВО САЛА ДА ОПЕРИРА, ИЛИ ПАК ЌЕ СИ БИДЕ МИНИСТЕР - популарниот Филипче се облече во хируршка облека

Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, денеска на својот фејсбук профил објави фотографии од неговата примарна дејност, а тоа е неврохирургијата.

„Повторно во сала на операција. 

Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“, објави Филипче за своите фанови на фејсбук. 

А она што како прашање нормално во овој период си го поставуваат граѓаните, е дали Филипче планира да и се врати на својата благородна професија - медицината, или, пак, доколку неговата партија, СДСМ, во чија предизборна кампања активно учествуваше, формира влада, ќе продолжи да ја извршува една од најтешките министерски функции, односно прв човек во здравствениот сектор.

Судејќи според неговите објави и посветеноста со која сега му пристапува на министерувањето, а особено во време на епидемија со коронавирусот, многу повеќе е за очекување дека и во следните четири години ќе го гледаме Филипче како министер за здравство.

Слично

Поврзани вести