Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се врати ли корзото во Ѓорче Петров?

Ќе се врати ли корзото во Ѓорче Петров?

Во идните проекти на општина Ѓорче Петров стои и „враќање на корзото“. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски појаснува дека корзото ќе се протега од новиот трговски центар до поранешната кафена „Чешма“.

„Со проектот е предвидена мала чаршија со кафетерии и занаетчиски дуќани, изградба на пешачка зона во паркот, реконструкција на постојните зелени површини, а со тоа и враќање на старото корзо“, изјави Наумоски за МИА.

Ќе биде објавен и конкурс за соодветно идејно решение за корзото.

Во новите проекти на општина Ѓорче Петров е планирано и проектирање на новата градинка во Волково, со која ќе се реши долгогодишен проблем кој со години бил занемарен.

„Во оваа фаза, бараме начини за адаптација и на други помали проекти од оваа сфера, кои дополнително ќе го ублажат проблемот“, вели градоначалникот Наумоски


Слично

Поврзани вести