Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО САЛАТА МАКЕДОНИЈА: Направена е контрола во Собранието и се чека одговор од Комисијата за заразни болести

ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО САЛАТА МАКЕДОНИЈА: Направена е контрола во Собранието и се чека одговор од Комисијата за заразни болести

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски, денеска заедно со други членови од Комисијата направиле контрола на салите во законодавниот дом, со цел отпочнување на работата на Собранието. За состанокот, објава на Фејсбук има и првиот човек на Парламентот, Талат Џафери, кој посочува дека ќе очекуваат позитивен одговор од Комисијата за заразни болести. 

-Денес имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести кои што извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во Сала Македонија, пишува Џафери во неговата објава на Фејсбук.

Инаку, работата на Собранието месеци наназад поради епидемијата на корона вирусот во Македонија, се одвива во Салата со Купола. Единствено во оваа сала може да се запазат препораките за одржување дистанца, но таму нема систем за електронско гласање така што гласовите се бројат рачно.


Слично

Поврзани вести