Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ВРАЌА СЈАЈОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА ПОШТА: Николовски ќе ја реконструира и ќе ја врати во функција

ЌЕ СЕ ВРАЌА СЈАЈОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА ПОШТА: Николовски ќе ја реконструира и ќе ја врати во функција

Ќе ја реконструираме и ќе ја вратиме во функција централната Пошта во Скопје како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот, најави министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.

Тој на неговиот фејсбук профил информираше дека остварил средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
„На средбата покрај информациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија.

Се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за култура за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконструкција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција“, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести