Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите бараат, Владата молчи: Ќе се вози пар-непар поради загадувањето?

Сите бараат, Владата молчи: Ќе се вози пар-непар поради загадувањето?

Владата ја има одлуката в раце и таа треба да предложи законски измени.

Дали ќе ги прифати предлозите на Министерството за екологија кое со допис побара  законски измени кои ќе овозможат конкретна борба против загадениот воздух засега е неизвесно.

Министерството за екологија бара да се вози пар-непар секогаш кога ПМ 10 честичките ќе надминат 50.

Меѓутоа многу граѓански активисти досега предложуваа да ЈСП да ги отвори вратите за бесплатно возење за време на енормно загадување.

Високите ПМ честици се уште се присутни во воздухот.

Скопско Ново Лисиче продолжува да биде најзагадена населба во главниот град а штетните ПМ10 честички биле за 6 пати над дозволеното ниво. Високо аерозагадување е регистрирано и во Битола.

1.300 луѓе годишно во земјава умираат поради компликации од загадениот воздух.

Слично

Поврзани вести