ЌЕ СЕ ВИДИ ЛИ КРАЈ НА САГАТА ВО „МОНСТРУМ“: Косово не ги дава Демири и Исмаиловиќ
Сагата со случајот кој пред повеќе од шест години ги однесе во смрт Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стевковски точно на Велики Четврток, додека ловеа риба кај Смилковското езеро.
Рочиштето денеска продолжи без присуство на јавноста а во судницата се прикажуваа докази обезбедени со ПИМ мерки.
Во записник денес се внесуваа исказите на родителите чии деца беа убиени на монструозен чин на 12 април 2012 година.
Случајот го води судијата Огнен Ставрев а доживотна казна затвор за тероризам за Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута – донесе првично Основниот суд Скопје 1 со првостепената пресуда . Единствено петтоoбвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.
Меѓутоа, случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство а Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се првообвинети не ги дава Косово кое молчи по барањата на Министерството за правда. Од министерството известуваат дека постапката е во тек, но се уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.
Кон убиените момчиња од „Монструм“ пукано од три цевки
Со две пушки калашников и еден пиштол биле усмрттени четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро. Ова било утврдено со вештачењето на Крим техника во МВР.
Како што рече сведокот во телата на момчињата завршиле 21 куршум, од кои 13 чаури биле испукани од две пушки калашников, а 8 чаури од пиштол долга деветка.
На местото на злосторството биле пронајдени и 8 испукани проектили. Сепак оружјето со кое беа убиени децата и рибарот никогаш не беше пронајдено.
