ЌЕ СЕ ВЕРИФИКУВААТ МАНДАТИТЕ: Кои се шесте нови пратеници кои ќе седнат во собраниските клупи
Шест нови пратеници денеска треба да добијат верификуван мандат и да ги заменат ново избраните градоначалници на местата во собраниските клупи.
Љубица Спасова од СДСМ доаѓа на местото на Костадин Костадинов кој ќе управува со општина Струмица.
Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ седнува на местото на Тимчо Муцунски кој стана градоначалник на Аеродром, додека местото во Собрание на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ оди на Зоран Коцевски. Меѓу новите пратеници е и името на Драган Ковачки .
Градоначалници од вториот изборен круг се и Пецаков Кирил и Биљал Касами.
Пред пратениците денеска се и неколку предлог закони.
Слично
