Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сертификатите за вакцинација нема да се бараат за влез во моловите

Сертификатите за вакцинација нема да се бараат за влез во моловите

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укине задолжителното поседување на сертификати за вакцинација за влез во моловите.

„Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот Злате Мехмедновиќ рече дека вакцинацијата е на ниско ниво. Од Комисијата за заразни болести денеска на прес - конференција изјавија дека луѓето кои се во ризични групи, ќе добијат СМС порака за тоа каде и кога треба да примат и бустер доза. 

Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата се надева дека со вакцинацијата ќе спречат компликации кај оваа група граѓани. 

„Да го подигнеме квалитетот на имунитетот на популација и тоа да биде основа за релаксирање на мерките“, рече Мехмедовиќ. 

Со кампања на граѓаните ќе им се укажува на бенефитот од вакцинацијата. 

Слично

Поврзани вести