Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се укинат ли доживотните казни на обвинетите во „Монструм“?

Ќе се укинат ли доживотните казни на обвинетите во „Монструм“?

Пресврт во случајот „Монструм“ .

Да се врати предметот на повторно одлучување. Ова го побарала обвинителката Лилјана Спасовска во однос на случајот за убиствата кај Смилковско езеро во јавноста познат како „Монструм“.

Ова всушност значи да се укинат првостепената и второстепената пресуда и да се укинат доживотните затворски казни на осудените.

Одбраната упорно негира вина, а јавната обвинителка Спасовска смета дека  се издржани жалбите на обвинетите со кои се тврди дека се спорни материјалните докази, а исто така го оправдува и нивниот сомнеж за направените вештачења. 

Барањето на јавниот обвинител кое беше проследено со аплауз е поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.

Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро,  кое се случи на 12 април 2012 година.

Слично

Поврзани вести