Ќе се „тресе“ МВР, Спасовски треба да ја формира работната група до 21 октомври
Владата на вчерашната седница ја одобри информацијата и Предлогот - план за мерки, активности и динамика на спроведувањето на процесот на ветинг кон вработените во Министерството за внатрешни работи.
„Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да формира работна група формирана за спроведување на процесот на мониторинг на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку Претседателот на Собранието на РСМ треба да побара од работната група да учествуваат најмногу тројца претставници на политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на набудување во Министерството за внатрешни работи “, соопшти владината служба.
