Ќе се справи ли денеска македонската полиција со полските хулигани?
Министерството за внатрешни работи синоќа пред поноќ објави дека се уапсени четворица полски навивачи по брканицата на плоштадот Македонија и интервенцијата во околното кафуле во центарот на Скопје. Од МВР по вчерашниот инцидент кој ги вознемири минувачите во прометниот дел од градот всушност било меѓусебна тепачка на гостите од Полска,
Полските навивачи се дојдени во Скопје за денешниот натпревар против репрезентацијата на Македонија во рамките од квалификациите за ЕП 2020 година.
Неколку навивачи биле приведени веднаш во едно од кафулињата на кејот во центарот на грдот, а дел полицајците ги бркале низ плоштад и успеале да ги фатат и приведат.
Полските хулигани важат за едни од најдеструктивните во Европа и секоја ситуација ја користат да возвратат со насилство.
Денеска се очекува да ги околу 2.000 во Скопје.
