Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ СОБЕРАТ ЛИ ДОВОЛНО ПРАТЕНИЦИ: Груевски ги исполни условите да остане без мандат

ЌЕ СЕ СОБЕРАТ ЛИ ДОВОЛНО ПРАТЕНИЦИ: Груевски ги исполни условите да остане без мандат

Повеќе од шест месеци бегалецот Никола Груевски кој ужива политички азил во Будимпешта не се појавува на работа.

Тој уште е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија а сега тоа може да се промени бидејќи се исполнети условите да почне постапката за одземање на неговиот имунитет.

Најверојатно за ова прашање ќе се дискутира на седница следната недела а на потег ќе биде Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Предводникот на таа комисија Павле Богоевски вели ќе ја свика седница за неколку дена бидејќи прво треба се соберат сите податоци и изостаноци на пратеникот.

Откако комисијата ќе даде зелено светло за одземање на пратеничкиот имунитет, следни ќе треба да се произнесат пратениците.

Потребни ќе бидат 80 гласови или двотретинско мнозинство кое ако се земе предвид моменталната ситуација парламентарното мнозинство ги нема.

Слично

Поврзани вести