Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се сечат 113 дрва во Градскиот парк во Скопје

Ќе се сечат 113 дрва во Градскиот парк во Скопје

„Зелен Хуман Град“ објави дека е донесена одлука да се сечат 113 дрвја во Градскиот парк во Скопје. Екоактивистите велат дека прво ќе се уверат дали има потреба сите дрва да бидат исечени.
„Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градски парк во Скопје. Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или поради лошо одржување на истото), но мора многу претпазливо да се пристапи кон вака драстично менување на последната скопска оаза - Градскиот парк.

Според тоа што ние гледаме на терен, има дрвја кои делуваат здрави и затоа побаравме од Град Скопје детално мапирање на секое дрво опфатено со ова решение, како и детално објаснување зошто секое дрво треба да се исече“, информаираат од организацијата.

На местото на отсечените, ќе се засадат над 300 нови дрвја не помлади од 6 години. Од „Зелен Хуман Град3 велат дека ќе ги разгледаат извештаите од шумските инженери за секое отсечено дрво и ќе се направи заедничка обиколка низ градскиот парк за да се објаснат состојбите и причините за сеча на овие дрва.


Слично

Поврзани вести