Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се реши ли проблемот на здравствена услуга кој се таложи со години со изградбата на новиот Клинички центар?

Ќе се реши ли проблемот на здравствена услуга кој се таложи со години со изградбата на новиот Клинички центар?

Надлежните убедени во соодветно избраната локација за градењето на новиот Клинички центар, а опозицијата пак е незадоволна во поглед на сумата која ќе изнесува неколку стотици милиони повеќе од првично потпишаниот договор во време на претходната гарнитура.

Нови булевари и улици ќе никнат во периферијата на градот на локација близу Психијатриската болница во Бардовци во рамки на изградбата на медицинскиот град.

420 милиони евра првично предвидува власта за најзначајната здравствена установа на вкупна површина од 84 хектари. Дел од таа површина е државно, а дел приватно земјиште.

„Сосема доволно место за еден голем и модерен клинички центар, сосема доволно место за интегрирани услуги  за модерен објект кој може да дозволи нов тип на услуги, формирање на хибридни операциони сали“, рече Венко Филипче . 

Министерот за здравство Филипче најави дека новиот здравствен центар ќе биде изграден за 4-5 години а владата наскоро ќе започне нова постапка за изработка на проектната документација и ќе се бара нов изведувач.

Здравството со години е болна тема за македонските граѓани. Критиките за условите најважниот сектор не изостануваат денес.

Оттука се поставува прашањето колку изградбата на новиот клинички центар ќе го реши проблемот на здравствена услуга во државата?!

Слично

Поврзани вести