Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ПОЛИКЛИНИКАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Донација од Кинеската амбасада

ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ПОЛИКЛИНИКАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Донација од Кинеската амбасада

Речиси целосно руинираната поликлиника во Шуто Оризари ќе се реновира со финансиска помош од Кинеската амбасада. Станува збор за донација во вредност од 25.000 евра, а овој проект е под прокровителство на шефот на државата, Стево Пендаровски.

Според информациите на Фактор, по долго време, се очекува оваа здравствена установа да добие сосема нов лик. Ќе биде реновиран покривот, подовите, целосно ќе бидат реновирани кабинетите, канцелариите, како и Одделението за радиологија, односно рентгенот. Поликлиниката ќе биде опремена и со нов мебел,  со цел да се обезбедат подобри услови за лекување на ромската популација, но и подобри услови за работа на лекарите.


Слично

Поврзани вести