Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се реновира хотелот „Изгрев“ во Струга, најавени се 250 вработувања

Ќе се реновира хотелот „Изгрев“ во Струга, најавени се 250 вработувања
Со промената на ДУП-от која денеска ја изглеса Советот на општина Струга, ќе се овозможи доградба на хотелот „Изгрев“ , а со тоа и негово реновирање. Објект кој под концесија го зема Фибула травел, директно од Македонската православна црква која е негов сопственик, треба да прерасме во модерен и луксузен хотел со 5 ѕвезди. Како што изјави Мехмет Меџедовиќ од Фибула травел, отворањето на хотелот ќе донесе околу 250 нови вработувања. „Ќе има 220 соби, спа-центар, аква парк, кој за илустрација ќе биде двојно поголем од оној во Скопје. Хотелот се реновира, но за спа-центарот, конгресна сала и за аква-паркот потребни се дозволи, за што требаше Советот да донесе промена на Деталниот урбанистички план“, изјави Меџедовиќ. Според најавите хотелот ќе биде отворен до крајот на мај 2014 година, а инвестицијата ја поздравија сите советнички групи. Стружани сега очекуваат новиот хотел да донесе поголем број туристи и вработувања, а  со него Струга ќе добие поубав лик.
Слично

Поврзани вести