Ќе се реконструира Општата болница во Струмица
Одредени тендерски процедури за реконструкција на Општата болница во Струмица,Владата и Министерството за здравство веќе имаат започнато, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Идејата е, нагласи Груевски, да се направи нов дел на болницата каде што ќе се смести ургентното одделение, гинеколошкото и оперативните одделенија, а се работи за 6.000 метри квадратни простор за којшто вчера министерот за здравство информираше дека се започнати процедурите за проектирање и градба.
Проектирањето според најавите треба да заврши за околу 1,5 до 2 месеца и подоцна да почне процедурата за почеток на комплетно нова градба.
Според премиерот, тоа е во духот на целото фокусирање на здравството во овие години. - Истовремено имаме градба на нов клинички центар во Скопје, се гради ПЕТ-центарот, наскоро започнува градбата на болницата во Штип, во Струмица, на болница во Кичево, се гради Козле, а се почнати и одредени реконструкции во „8 Септември“, како и во други болници низ цела Македонија, како што е Охрид, а во повеќе други места се вршат градби или реконструкции на постоечките болници. Тоа е силен фокус, што е во износ од над 100 милиони евра само во градби и реконструкции на постоечки болници или градби на нови болници, нагласи Груевски, додавајќи дека набавката на опремата е друга ставка која што исто така е околу 100 милиони евра.
Слично
