Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се реконструира како е убиен комитата Никола Саздовски

Ќе се реконструира како е убиен комитата Никола Саздовски

Три смртоносни тупаници во главата биле фатални за навивачот Никола Саздовски, потврдија вештаци на едно неодамнешно рочиште. 

Никола почина по претепувањето од страна на обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири а денеска на рочишето ќе се прави реконструкција на настанот.

Беља и Демири во моментов се во притвор, а според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Според вештото лице, Саздовски бил донесен во болница во предсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.

Слично

Поврзани вести