Ќе се разгледува жалбата за убиството на Саздовски
Денеска во Апелациониот суд во Скопје на јавна седница ќе се разгледуваат жалбите поднесени од одбраната на осудените Бесир Бела и Скендер Демири, кои во април 2019 добија 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски во напад на скопската населба Автокоманда.
Одбраната и натаму смета дека во овој случај нема елементи за кривичното дело „свирепо убиство”, туку се работи за кривично дело ,,насилство”. Сепак, на оваа одлука жалба има поднесено и скопското обвинителство, кое пак од друга страна бара максимална казна за обвинетите.
Поради навивачка нетрпеливост, во јуни 2018 Бела и Демири го претепаа Саздовски на автобуска постојка, а потоа беше однесен во Клиничкиот центар, каде што по десетина дена во кома им подлегна на повредите.
Кривичниот суд ги задолжи обвинетите да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.
