Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО: Кога ќе се избере техничка Влада?

ЌЕ СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО: Кога ќе се избере техничка Влада?

На 12 февруари ќе се распишат изборите кои треба да се одржат на 12 април идната година. 

Собранието ќе се распушти на 11 февруари, а техничката влада треба да се избере на 3 јануари. 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека за роковите за распуштање на Собранието политичарите треба да се раководат од Уставот, а не сами да калкулираат. 

„Ако е рокот 45 дена, како што некој зборува, тогаш кога би бил рокот од 100 дена Влада. Ако во законот некаде има дека може да се скрати на 45 дена нека каже. Јас имам Устав. Ова не е лицитација, си има закони“ - вели Џафери.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека за нив е прифатливо, ако протоколот доцни, распуштеното Собрание повторно да се собере.

Предвремените парламентарни избори беа договорени на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски откако Македонија не доби датум за почеток на преговори со Европската Унија. 

Слично

Поврзани вести