Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ РАСПЛЕТКА ЛИ КЛОПЧЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ПОЦЕСТА: Ако осомничената ќерка не е убиецот, кој е?

ЌЕ СЕ РАСПЛЕТКА ЛИ КЛОПЧЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ПОЦЕСТА: Ако осомничената ќерка не е убиецот, кој е?

Замрсено клопче околу убиството на семејството Поцеста кое на 26 април беше убиено на спиење во семејниот дом во Дебар.

Прва осомничена е ќерката.

Последните информации пласирани во дел од медиумите од Коха велат дека ќерката на грозоморно убиените мајка Назмие (53) , татко Амит (54) и сестра Анила Поцеста (14) признала дека е организатор на убиството но дека не пукала лично таа.

Сепак, неофицијално, форензичарите во куќата откриле само нејзини траги.

Според Инфо шкип, Блерта П. (28) во ликвидацијата на родителите и сестрата имала двајца соучесници кои заедно со неа се наоѓаат во притвор.

Едниот од нив кој бил од Дебар и помогнал со снабдевање на оружјето, додека другиот и обезбедил превоз од Италија.

Се уште не е исклучена можноста токму таа да го извршила морбидниот чин кој не е запаметен во Дебар, но и државата.

Медиумите во Италија пак пренесоа дека Блерта во италијанската полиција била заведена како нарко зависник и често користела нарко дроги, а дел од нашите медиуми пак пишуваат дека злосторството го извршила за пари кои се бројат во милијарди.

Сепак, се додека официјалната истрага на МВР трае, дотогаш овие информации се неофицијални.

(ВИДЕО) УБИСТВОТО ВО ДЕБАР СТИГНА ДО ИТАЛИЈА: Ова е убиеното семејство Поцеста

(ФОТО) Ова е ќерката на семејството Поцеста која си ги уби родителите

Слично

Поврзани вести