Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се распишат претседателски, но што е со предвремените парламентарни избори?

Ќе се распишат претседателски, но што е со предвремените парламентарни избори?

Собранискиот претседател, Талат Џафери утре треба да ги распише претседателските избори. 

Тој треба да го потпише решението за одржување на претседателски избори. 

Изборите треба да се одржат најмалку 70, а најмногу 90 дена по нивното распишување. Првиот круг од гласањето за избор на претседател на државата треба да се одржи на 21-ви април, а вториот круг би се одржал на петти мај. Мандатот на актуелниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов завршува на 12-ти мај.

Во ВМРО - ДПМНЕ во тек е внатрепартиска кампања за избор на претседателски кандидат меѓу деветмина претенденти за номинација. Конечната одлука ќе ја донесат делегатите на Конвенцијата на 16-ти февруари во Струга.

СДСМ својот кандидат ќе го соопшти на трети март за кога е закажан Конгрес за избор на претседателски кандидат.

Не се знае дали заедно со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред повеќе од месец дена побара одржување и на предвремени парламентарни избори. 

Слично

Поврзани вести