Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се расчисти ли „валканата“ судбина на МПМ: Станисављева повикана во СЈО

Ќе се расчисти ли „валканата“ судбина на МПМ: Станисављева повикана во СЈО

Јана Станисављева, поранешната директорка на МАкедонија принт медиа, е повикана на информативен разговор во Специјалното јавно обвинителство. Не се познати причините, но неофицијално поранешната менаџерка и поранешниот управител Срѓан Керим треба да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за евентуални злоупотреби во компанијата под чија сопственост како брендови беа весниците „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ коишто згаснаа поради наводна финансиска криза.

Од Специјалното јавно обвинителство не даваат никаква официјална информацијата со оглед на тоа дека се работи за истражна постапка во која се осомничени водечките луѓе на МПМ.

Истражители на СЈО минатата година влегоа во просториите на МПМ, која сега е во стечајна постапка.


Слично

Поврзани вести