Ќе се промени ли името на скопскиот аеродром во „Киро Глигоров“?
За премиерот Зоран Заев е прифатлива идејата скопскиот аеродром да се преименува во „Киро Глигоров“ наместо „Александар Велики“. Ова денеска премиерот го изјави запрашан за коментар на идејата на на Дипломатскиот клуб, кој предложи аеродромот Александар Велики да се приеменува.
Сепак , премиерот рече дека тој е само еден граѓанин, а дека треба да се развие дебата за тоа прашање и за тоа да се изјаснат граѓаните.
Во однос на подготвеноста за промена на имиња, дали тоа значи и влегување во конечно решавање на проблемот со името односно промена на името на Република Македонија, според премиерот има надеж и сега има поголеми шанси да се најде решение.
„Јас како премиер стојам на располагање. Македонија мора да биде подготвена за исчекор во решавањето и да се ставиме во функција да се најде решение“, посочи Заев.
Дипломатскиот клуб – Скопје ја поддржа иницијативата за именување на скопскиот аеродром „Александар Велики“ по поранешниот претседател Киро Глигоров.
