Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се проценува конфискуваниот имот на Никола Груевски, па ќе се продава

Ќе се проценува конфискуваниот имот на Никола Груевски, па ќе се продава


Дритон Небиу, новиот директор на Агенцијата за управување со одземен имот, за „Фронтлајн“ изјави дека ќе се продава и конфискуван имот на поранешниот премиер Никола Груевски кој сега живее како азилант во Унгарија, но откако ќе се процени по која цена ќе се даде на продажба.

„Се следи процедура и многу брзо нелегалниот стекнат имот на поранешниот премиер Никола Грувески ќе биде на јавна беразнска аукција. Четри недвижнини му се веќе одземени и со нив раководи нашата дирекција. Нема да има компромис за ниту еден поранешен функционер кој ја злоупотребил службената положба и се збогатил на сметка на државата. Имотот на сите ќе биде конфискуван и продаден“, изјави Небиу.

Претходно тој објави дека наскоро ќе бидат објавени огласи на кои јавно ќе се продава имотот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков запленет во случајот „Империја“. 


Слично

Поврзани вести