Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се прифати ли писмената оставка на Никола Груевски?

Ќе се прифати ли писмената оставка на Никола Груевски?

Откако поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во саботата преку Фејсбук најави дека ќе поднесе оставка како пратеник во Собранието, постои дилема дали писмената оставка ќе биде прифатена. 

За ВМРО-ДПМНЕ нема проблем Груевски да си поднесе оставка и преку пошта. Оттаму велат тоа е негов личен став, а тој според нив е под политички прогон во државава.

Од власта пак го повикаа Груевски да се врати во Македонија и лично да си ја поднесе оставката. За СДСМ собраниска седница за пратеничкиот мандат на Груевски, по одлуката на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, мора да се одржи.

Груевски за својата одлука треба да го извести Собранието. 

Паралелно за него во тек е и постапка за одземање на мандатот поради неоправдано отсуство од работа повеќе од шест месеци. Точката на дневен ред треба да се најде на првата наредна пленарна седница, закажана за 11 месецов.

Тој доби политички азил во Будимпешта, откако избега и не се појави во затвор за да ја одлежи казната за случајот „Тенк“. 

Слично

Поврзани вести