Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ќе се повлечеме од набавката на авион и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски по бројните критики

„Ќе се повлечеме од набавката на авион и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски по бројните критики

Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и тоа прашање ќе го остават за некоја идна влада. 

Ова го посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски кој потенцираше дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели.  

Откажувањето од набавката на авион доаѓа по бурните критики од опозицијата, но и од јавноста за плановите да се купува нов авион, но и по бројните објави околу патувањето на државни функционери со владиниот авион. 

- Ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок и дека е беспредметна - изјави Мицкоски. Тој на темата се осврна откако новинарите го прашаа во колку прилики го користел владиниот авион и за најавената набавка на нов воздухолов.  

- Јас ја следам оваа дебата, ја разбирам дебатата од страна на опозицијата, тие мислат дека со ниски страсти ќе создадат тема со која ќе ја нападнат Владата, па потоа како тема ја поставуваат и набавката на нов воздухоплов кој би го користела Владата. Но, не само Владата, тој би се користел и за хуманитарни причини - изјави Мицкоски на маргините на конференцијата за сузбивање на сивата економија што се одржува во Скопје.  

Нагласи дека потребите за користење на владиниот воздухоплов е соодветно на потребите на владата.  Притоа одговори и на пишувањата во медиумите колку пати и за која намена го користел воздухопловот.  

- Бидејќи се отвори дебата за мене, должен сум да одговорам. Јас го корисетв не три, туку четири пати - рече Мицкоски.  

Објасни дека еднаш го користел воздухоловот кога на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан имал билатерална средба во Будимпешта. Натаму патувал со комерцијалне лет до Виена, поради тоа што еден од екипажот кој што управува со воздухопловот имал приватни обврски и не бил во состојба да го однесе до дестинацијата. 

За назад дошле по премиерот во Виена затоа што имал итни неодложни состаноци во Скопје. Покрај билатералната престој таму го искористил да настапи на настан што го организирала сестринската партијата Фидес.  

Вториот пат бил исто така на покана на истата сестринска партија на настан кој што тие го организирале во Белград.  

- Тогаш и отидов и се вратив, тоа не е споменато во јавноста, сакам и ова да се забележи. Сам патував и дел од луѓето кои што се мое обезбедување - рече премиерот  

Третиот пат, како што додаде, бил до Хрватска со комерцијален лет на „Кроација ерлајнс“ до Сплит на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, при што имал работна вечера. Годишниот одмор кој што требал да трае три дена го продолжил за еден ден, односно да трае четири дена, поради што го испуштил повратниот лет со комерцијалниот лет до Скопје, а следниот ден, како што појасни, имал неодложни обврски, па затоа дошол владиниот воздухоплов, го зел од аеродромот во Сплит и го донел во Скопје.

Четвртиот пат бил деновиве заедно со шефот на неговиот кабинет и со советникот за надворешни работи, амбасадорот Марковски, до Тирана и од Тирана до Скопје.  

- Еве сега најавувам дека во почетокот на јуни најверојатно ќе го користам владиниот водухоплов до Подгорица и истиот ден ќе се вратам назад, бидејќи не би сакал да останам повеќе од еден ден поради неодложните обврски кои што ги имам во Владата - посочи Мицкоски.  

Воедно објасни дека владиниот воздухоплов е сѐ уште во возна состојба, истакнувајќи дека пилотите ининицирале да се размисли и набави нов авион. 

Актуелниот авион „лирџет“ само два пати се користел за хуманитарни цели од летото 2024 до крајот на 2025: еднаш за превоз на повредни од пожарот во Кочани, а втор пат за префрлање на македонски граѓани од Израел за време на војната во Газа.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести