Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ СЕ ПОТРЕСЕ ЕУ ОД ЗАКАНИТЕ НА ЕДЕН БАЛКАНСКИ МАНИПУЛАНТ“: Спасов за Мицкоски и неговата изјава за ЕУ

„ЌЕ СЕ ПОТРЕСЕ ЕУ ОД ЗАКАНИТЕ НА ЕДЕН БАЛКАНСКИ МАНИПУЛАНТ“: Спасов за Мицкоски и неговата изјава за ЕУ

Професорот и член на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, на фејсбук напиша реакција за изјавата на Мицкоски дека нема да се помести ниту милиметар кон членство на ЕУ.

„Мицковски гарантира дека Македонија нема да се помести ниту милиметар кон членство на ЕУ.

Е тоа е јака гаранција.

Ќе се потресе ЕУ од заканите на еден балкански манипулант и уште еден популистички суверенист, кој измислил нова црвена линија која гласи: Ќе го смениме Уставот ама промената да важи со одложено дејство.

И ако не се согласат со таа наша "генијална идеја" значи ЕУ е заложник на бугарскиот национализам и нас таква ЕУ не ни е потребна.

Сто пати од сите нивоа им е повторено дека од нас се бара само исполнување на превземена обврска и ништо повеќе и ништо помалку.Ама Мицковистите барем до локалните избори ќе лажат дека преговараат, дека се охрабрени, дека се оптимисти и на крајот ќе изјават дека се разочарани од ЕУ.

А откако со истите квазипатриотски слогани " Не за бугарскиот диктат" и со парите од кредитот на Орбан ќе победат на следните локални избори, црвените линии ќе почнат да бледнеат или конечно ќе стане јасно дека почнале да гледаат кон Исток и Северо Исток а не кон Запад и тоа од чисто "патриотски причини"

Среќа е што не почнале се уште да ги апсат "националните предавници" кои прифатиле толку " штетен договор" за,Македонија и кои не обезбедиле гаранции дека Бугарија нема повеќе да не блокира какви што тие се надеваат дека ќе обезбедат со идејата, промената на Уставот да важи со одложено дејство. А и со Бугарите во Уставот и без нив ним им се загарантирани и ги уживаат сите права како и припадниците на сите други етнички заедници во Македонија.

Ама. Биди паметен па објасни им на сите оние што се палат на пропагандниот слоган: " Не за бугарскиот диктат" кој за сега треба да се чита само како "Не за ЕУ"3, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести