Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се поставуваат автоматски рампи на патарините – инвестиција вредна 110 илјади евра

Ќе се поставуваат автоматски рампи на патарините – инвестиција вредна 110 илјади евра

Автоматски рампи на патарините ќе  бида поставени во Македонија. Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со фирмата “АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ - Скопје“ во вредност од 110 илјади евра за набавка на автоматски – стоп рампи, објави „24 Вести“.

Од државната фирма информираат дека станува збор за втор обид за модернизација на патарините со нови рампи.

Првиот тендер е поништен поради тоа што фирмата – носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца.

На новиот јавен повик интерес пријавиле две фирми а изборот е направен преку електронска аукција.

Дополнително, јавното претпријатие за околу 70 илјади евра  спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги, пишува „24 Вести“

Во меѓувреме, Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.

Слично

Поврзани вести