Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ: Ќе ги следат цицачите во Белчишкото Блато

ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ: Ќе ги следат цицачите во Белчишкото Блато

Во текот на овој месец, на територијата на Беличишкото Bлато во Општина Дебрца ќе бидат поставени специјални камери фото-замки. 

Целта  е да се следат цицачите кои живеат или минуваат низ областа од блатото. Ќе се направи мониторинг на најважни растителни и животински видови во подрачјето на Белчишко Блато. Дополнително ќе се работи и на туристичка промоција на ова место.

„Според досегашни сознанија присутни се кафеавата мечка, видрата, волкот, јазовецот, шарениот твор, а предзвик ќе биде да се сними балканскиот рис кој е регистриран во Општина Дебрца. Камерите ќе снимаат постојано и планираме во иднина мрежата на опфат да ја прошириме на поголем дел од територијата на Општина Дебрца. Податоците ќе бидат споделени со Министерството за животна средина и просторно планирање, со еколошки организации и научната фела. Со оваа активност ќе ја надополниме празнината од податоци за богатството со фауна за еден дел од нашата држава и го трасираме патот за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје во национални и европски рамки“, вели Ѓоко Зороски, проектен координатор, Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид.

Дополнително се планира изградба на туристичка инфраструктура (летниковци, посматрачница за птици, информативни табли); изработка на документарен филм за блатото; подготовка на студија за валоризација на екосистемските услуги од Белчишко Блато (Сини Вирој); подготовка на студија за социо-економското значење на Белчишко Блато (Сини Вирој). Понатаму, ќе има тренинг компонента за засегнати чинители и за Општина Дебрца како потенцијален управувач со подрачјето на Белчишко Блато како идно заштитено подрачје; изработка на историски и современи мапи на блатото и подобрување на инфраструктурата во областа на блатото со изградба на брендирани автобуски постојки.

Блатото се наоѓа помеѓу селата Белчишта и Ново Село и е најголемото сочувано водно живеалиште во земјава.

Проектот Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)", го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид и канцеларијата на UNDP, Скопје и е дел од проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, финансиран од ЕУ, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести