Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се попишуваат и бездомниците и оние без документи во Македонија

Ќе се попишуваат и бездомниците и оние без документи во Македонија

Министерството за труд и социјална политика и Заводот за статистика ќе соработуваат во делот на попишување на бездомните лица и на лицата без документи.

Законот за попис е веќе изгласан, а истиот треба да се спроведе до 21 април. Заводот за статистика ќе биде организатор на статистичката операција, додека бездомниците и лицата без документи се под надлежност на МТСП.

За таа цел денеска е остварена средба помеѓу министерката Јагода Шахпаска и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Министерството ќе треба да ги идентификува оние без документи, додека бездомните лица треба да бидат лоцирани и евидентирани од центрите за социјални работи.

Последниот попис во државата е направен во 2002 година.

Слично

Поврзани вести