Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ПОЛАГААТ ДВА ЕКСТЕРНИ ИСПИТИ, МАТУРАТА НА 5 ЈУНИ - Владата и средношколците се договорија

ЌЕ СЕ ПОЛАГААТ ДВА ЕКСТЕРНИ ИСПИТИ, МАТУРАТА НА 5 ЈУНИ - Владата и средношколците се договорија

Изнајдено е заеднички прифатливо решение помеѓу средношколците и владата. Информацијата на заедничка прес конференција ја соопштија премиерот Зоран Заев и лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи. Како што кажа Ходаи, со владата меѓу другото е договорено да има два екстерни испита, а третиот е симнат на ниво на интерен испит.

„Со тоа ниту еден матурант не би имал проблем со упис на факултет тука или во странство и повторно би го имал потребниот број предмети кои му се бараат за упис“, рече Ходаи, додавајќи дека со владата е договорено и скратување на испитните програми.

Всушниост, два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој на образование во надлежнст на Министесртвото за образовани и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци.

Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март.

Премиерот Зоран Заев по средбата со претставници на Сојузот на средниошколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа.

„Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение“, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени. 

Слично

Поврзани вести