Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се „поднови“ граничниот премин Богородица

Ќе се „поднови“ граничниот премин Богородица
Започнуваат градежните работи за реконструкција на граничниот премин „Богородица“, административната зграда и придружните објекти. Реконструкцијата на најголемиот и најфреквентниот граничен премин кон соседна Грција е дел од проектот за Развој на граничната инфраструктура - Border.In, финансиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА). Реконструкцијата ќе придонесе за олеснување на движењето долж Паневропскиот Коридор 10, но ќе овозможи и олеснување на прекуграничниот промет, посебно во комбинација со воведувањето на новиот компјутеризиран транзитен систем на ЕУ во Република Македонија, кој ќе започне да се применува од 1 март 2014 година, од кога документите за транзит ќе се поднесуваат исклучиво електронски, информираат од Царинската управа.
Слично

Поврзани вести