Ќе се поднови Албанскиот театар
Стартува проектот за темелна реконструкција на објектот во кој е сместен Албанскиот театар.
Со реконструкцијата е предвидено да се подноват архитектурата, сценската технологија, ентериериерот и инсталациите. Надлежните се уверени дека зафатите ќе придонесат за подобрување на работните услови на драмските уметници, но и за публиката што ги следи театарските изведби.
Идејното решение за овој зафат го изработи фирмата „Мегарон инженеринг" од Скопје. Градежните и останатите интервенции во објектот е предвидено да се одвиваат во период од 12 месеци.
Албанскиот театар во кој секојдневно работат уметниците е изграден во 1974 година и до сега ниту еднаш не е реконструиран. Театарската установа Албански театар од Скопје уште во 2010 година побара од државните власти да вложат финансиски средства во целосна реконструкција на објектот.
Министерството за култура минатиот месец најави дека во 2014 година треба да почне и изградба на Турскиот и на Струмичкиот театар, за кои веќе се избрани изведувачите.
Слично
