ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ПРОТОКОЛИ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Следуваат анализи за можно вакцинирање на децата од 12 до 16
Во текот на
следните месеци здравствените власти ќе прават анализи за евентуално
вакцинирање на тинејџерите од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер/Бионтек.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека Комисијата
за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука периодов
ќе работи на правењето протоколи,
како и анализи за вакцинација, со цел сите ученици од 1. септември да се вратат на настава во
училиштата, со со физичко присуство.
При тоа, Филипче истакна дека веќе во САД, Американската агенција за лекови ФДА
ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек за децата на таа возраст, односно од 12
до 16 години.
-Во нашите планови за пристигнување на вакцини, таа бројка на деца од 12 до 16 години можеме да ја покриеме со количина. И ќе ја зачуваме, ќе ја проектираме да биде за децата. Нормално дека нема да биде задолжителна. Има работа во однос на тоа да се подготви протокол, има многу препораки како би се одвивала наставата во една училница во однос на циркулација на воздух, отворање на прозори“, потенцираше денеска Филипче одговарајќи на прашање за почеток на новата учебна година.
А.Б.
