Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ПЛАТИ ПО 45 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ВАКЦИНИ СО ПОМИНАТ РОК: Дрисла со ценовник

ЌЕ СЕ ПЛАТИ ПО 45 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ВАКЦИНИ СО ПОМИНАТ РОК: Дрисла со ценовник

Министерството за здравство треба да плати по 45 денари плус ДДВ за да уништи еден килограм вакцини доколку одлучи да ги уништува на Дрисла. 

Според досегашните податоци, уште не е побарно тоа, но можно е наскоро да се случи со оглед на тоа што треба да се уништуваат вакцини со поминат рок. 

Директорот на Дрисла Јане Мицевски за Сител вели дека досега не уништиле ниту една вакцина, ниту пак некој го побарал тоа, а од Министерството за здравство велат дека кога ќе поминат сите процедури вакцините ќе бидат уништени. 

Дел од вакцините кои се со поминат рок се од Фајзер и Астра Зенека и повеќето беа донации. 

Слично

Поврзани вести