Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ПЛАТАТ 400 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ „ВЛАЈКО“ Е БЕЗБЕДЕН: Ќе се прават инженерски анализи

ЌЕ СЕ ПЛАТАТ 400 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ „ВЛАЈКО“ Е БЕЗБЕДЕН: Ќе се прават инженерски анализи

Ве информираме, дека согласно годишната програма за работа за 2025 година, пред повеќе од еден месец е објавен јавен оглас за ангажирање на компанија која ќе изврши инженерски анализи, соопшти општина Карпош на фејсбук.

„Инженерските анализи предвидуваат статитички пресметки и симулација на напрегања, визуелна, мерна и недеструктивна метода на испитување, утврдување на модел на напрегања и деформации, а фирмата исто така треба да изработи план за евентуална санација на челичниот мост „Влајко“, согласно дадените карактеристики од техничката спецификација.

Во меѓувреме, по јавниот повик избрана е фирмата ТСГ ИНДУСТРИ СЕРВИЦЕ ДОО –Скопје, која ќе го врши испитувањето и потпишан е договор со истата во вредност од 400.000 денари со ДДВ. Испитувањата треба да почнат деновиве“, информираат од општината.


Слично

Поврзани вести