ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ПЕЧЕМЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран и температури до 43 степени!

ЌЕ СЕ ПЕЧЕМЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран и температури до 43 степени!

Територијата на нашата Република Македонија до петок (25 јули) ќе биде под влијание на екстремно топол воздушен бран од југ, односно од Африка  и истиот ќе услови екстремно високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност, а повремено ќе засилува  и фенски ветер од западен и од југозападен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион  до петок (25 јули) времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност, а повремено ќе засилува  и фенски ветер од западен и од југозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие на многу места ќе надминуваат 35 степени, а локално, особено во Повардарието тие ќе надминуваат и 40 степени, односно, температурите локално во Повардарието ќе се искачат  и до околу 43 степени. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 43 степени.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност  и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности“, вели Попоски.

Фото:Метеоаларм

ad
Слично

Поврзани вести