Ќе се отвори граничниот премин Клепало-Сандански
Ќе се интензивираат активностите околу отворањето на планираните нови гранични премини, особено граничниот премин Клепало-Сандански.
Со ова ќе се овозможи полесна комуникација и движење на граѓаните.
За ова денеска разговарале министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев на средбата во Струмица.
Тие разговараа и за соработката на двете министерства во рамки на меѓународните организации, како и соработката во борбата против сериозниот и организиран криминал, особено кога таквиот криминал поседува елементи на прекугранични активности.
Слично
