ЌЕ СЕ ОТВОРАТ СКОРО 1.200 ГРАДИЛИШТА НИЗ ЗЕМЈАВА - сите општини аплицирале на вториот повик на Владата
Сите општини во земјава, заклучно со денешниот ден имаат поднесено барање за реализација на проекти во ремки на вториот повик на Владата за поддршка на проекти.
Како што информираше денеска самиот премиер Христијан Мицкоски вкупно 80 општини веќе доставиле апликации за реализација на проекти од вториот повик.
На вториот повик според него веќе има близу 900 апликации, а заедно со првиот се вкупно 1 200.
- Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик - рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека скоро 900 апликации од 80 општини се поднесени за реализација на проекти.
- Можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини проекти само од вториот повик. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот - истакна тој.
Мицкоски порача дека како Влада ќе продолжат да инвестираат во развој на општините.
- Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што не избрале граѓаните - дециден е Мицкоски.
Во вториот јавен повик беа предвидени и ставени на располагање до 15 милијарди денари за капитални и инфраструктурни проекти.
Фото: Влада.мк
