Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се отворат ли повторно вратите на „Еурокомпозит-11 Октомври“?

Ќе се отворат ли повторно вратите на „Еурокомпозит-11 Октомври“?

Друштвото за производство на производи со посебна намена "11 Октомври-Еурокомпозит" АД Прилеп можеби повторно ќе „продолжи со својот живот“, затоа што француските компании се заинтересирани за купување на фабриката, но откако ќе се доведе во нормала сѐ она што се случува во фирмата.

Ова го кажа францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на средбата со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

За амбасадорот Тимоние ова е прва офицјална посета на Прилеп

„ Причината поради којашто допатував со аташето за одбрана е посетата на повеќе претпријатија. Од порано се познати проблемите со кои се соочува „ Еурокомпозит “. Станува збор за претпријатија со традиција што се обидува да најде потенцијални партнери. Станува збор за многу важна работа, но треба само стопанственици да најдат заеднички јазик за соработка. Она што можам да го кажам е дека ние навистина ќе направиме сѐ за добро да ги информираме француските индустријалци и бизнисмени за нивно евентуално инвестирање во оваа фабрика. Но, за да се постигне тоа потребно е прво да бидат добро информирани“, кажа амбасадорот Тимоние.

За градоначалникот на Прилеп пак, акцентот на денешната средба е воспоставување и унапредување на Франкофонијата во Прилеп и разговорите за „ Еурокомпозит“, како потенцијална можност за нејзино купување од страна на француска компанија.

Слично

Поврзани вести