Ќе се освестат ли општинските челници: Партиципативно тело урбанистички ќе го уредува Аеродром
Со цел да се заштитат интересите на Аеродромци во општината ќе се формира партиципативно тело.
Според денешните најави на аеродромскиот градоначалник Златко Марин тоа тело ќе го сочинуваат претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот.
Нивна задача ќе биде директно учество во урбанистичкото планирање на општината.
Дали со ова тело ќе успеат општинските челници да стават ред во градењето и уништување на зеленилото во скопските општини кое станува се помалубројно, останува времето да покаже.
Колку да потсетиме, деновиве се крена силна прашина околу градежните гработи кои во моментов се запрени, а почнаа да се изведуваат на зелената површина кај Мајчин дом. Граѓаните бурно реагираа на висококатницата која која ја гради магнатот Етеми и побараа оставка од Златко Марин.
