Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се осмели ли некој од судиите да му додели притвор на екс премиерот Груевски?

Ќе се осмели ли некој од судиите да му додели притвор на екс премиерот Груевски?

Ќе се осмели ли некој од судиите да му додели притвор на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски?

Јавноста на ова прашање денеска треба да добие одговор од судиите кои одлучуваат по предметите кои СЈО вчера спакувани во кутии ги испрати на адреса на Кривичен суд.

Случајот „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијата Моника Бахчовановска. 

Бахчовановска е сопруга на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе ги суди случаите во кои осомничени се поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, како и Драган Павловиќ и Ивона Талевска, но и случајот „Титаник“ против раководството на ВМРО-ДПМНЕ за изборни злоупотреби.

Кај судијата Лидија Петровска е распределен предметот „Тарифа“, кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“, кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“, кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“ и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.

Судиите имаат рок од 24 часа по добивањето на предметите да одлучат дали ќе ги прифатат предложените мерки на СЈО.

Според официјалните информации на СЈО, поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети, бидејќи случаите „Тврдина “и „Таргет“ се споени во еден.

Со обвиненија се опфатени 94 лица и 7 фирми, а СЈО бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица. Обвинетите во овие предмети се товарат за над 20 различни кривични дела вклучувајќи злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.

Слично

Поврзани вести