Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се одземе ли дозволата за емитување на „Телеканал А1“?

Ќе се одземе ли дозволата за емитување на „Телеканал А1“?

Агенцијата за медиуми со предлог да биде биде отворена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на регионалната телевизија „Телеканал А1“ од Струмица.

Според Агенцијата, телевизијата неколку пати го прекршила правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Како што пишува во писмениот извештај, анонимно лице до Агенцијата за медиуми пријавило дека телевизијата не ги исполнува минималните кадровски услови за да ја задржи дозволата за работа. Агенцијата двапати барала од радиодифузерот да достави писмена документација, но оттаму не било одговорено поради што ААВМУ предлага да биде отворена постапка за да ѝ биде одземена дозволата за емитување. 

„Телеканал А1“ се емитува на фреквенцијата на поранешната валандовска телевизија ВТВ откако во мај 2013 година поранешниот сопственик Димче Балески ја продаде на фирмата „Емперијан визион“ ДООЕЛ од Скопје.


Слично

Поврзани вести