ЌЕ СЕ ОДЗЕМААТ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ: ООУ „Кочо Рацин“ Дојран, дава две шанси, ако ја прокоцкаат првата, учениците ќе си го видат мобилниот на крајот на школската година
ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран, ги извести учениците и родителите дека се забранува носење мобилни телефони.
„ ООУ „Кочо Рацин“ - Нов Дојран им соопштува на сите ученици кои учат во училиштето дека до крајот на учебната година (14.06.2024) се забранува носење на мобилни телефони.
Доколку ученикот се затекне со користење на мобилниот телефон, телефонот ќе биде одземен и родителот ќе треба да го подигне.
Доколку ученикот се затекне по втор пат, мобилниот телефон ќе биде вратен на крајот од учебната година.“ објавија тие на официјалната фејсбук страница.
Слично
