Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ОДЗЕМААТ ЛИ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВАТА, МОН прави протоколи за намалување на ризиците

ЌЕ СЕ ОДЗЕМААТ ЛИ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВАТА, МОН прави протоколи за намалување на ризиците

Земајќи ги предвид случувањата во соседна Србија, а со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина, на Владата на Северна Македонија и безбедносните органи ќе им предложам итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои што во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како ТикТок, вели министерот за образование, Јетон Шаќири.

Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот. Исто така веќе во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици, изјави министерот за образование, Јетон Шаќири.


Слично

Поврзани вести